Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Ноември.2008ма година.
Едноставно ги правиме идиоти и кретени сите оние идеолошки дејци што некогаш ја замислувале Македонија самостојна и среќна држава. 21ви век, скоро помина една декада. Ние како некои недораснати доенчиња се препелкаме во нашите покакани пелени. Сметаме дека НАТО и ЕУ ќе ни ги сменат и со тоа ќе се избрише срамот од гомливото себе покакување.
Едноставно ги правиме идиоти и кретени сите оние идеолошки дејци што некогаш ја замислувале Македонија самостојна и среќна држава. 21ви век, скоро помина една декада. Ние како некои недораснати доенчиња се препелкаме во нашите покакани пелени. Сметаме дека НАТО и ЕУ ќе ни ги сменат и со тоа ќе се избрише срамот од гомливото себе покакување.
Релациите во оваа
(наша) држава најпросто се објаснуваат со еден познат феномен. Флаша со
вода, 5недели потоа во неа не постојат бактерии. Едноставно на почетокот
бактериите ги јадат хранливите состојки што заедно со нив се затекнале
таму и се размножуваат. Кога овие состојки ќе ги снема тие почнуваат да
се јадат меѓусебе се додека во овој период од 5 недели не се истребат
тотално. Во нашиот народ може да се забележат ефектите од овој
конзервативен систем. Со зборчето конзервација не мислам на визните
ограничувања од другите земји туку мислам на она што се случува во
главите на мнозинството луѓе. Значи ние не патиме од недостаток на
информации, информациите се распослани насекаде, ние патиме од
неприфаќањето на истите. Се држиме самите себеси затворени со истите
бајати идеи и сметаме дека се што е различно нечини. Го опструираме
различното и на тој начин се јадеме самите себеси и ги исцрпуваме
психолошките ресурси и се разбира продолжува процесот што е погоре
опишан со флашата.
Оваа психолошка конзервација и
затуцаност на мислата навлегува во секоја пора од постоењето. Политички заморчиња колку сакаш, секаква
сељачаана, шмизли и лиглевци се испонакотиле, оставајки многу мал
простор за какво такво културно творење и виртуелно егзистирање. Eдноставната ментална
исцрпеност не остава простор за почесто креирање. Сите што колку
толку се појавуваат со по некој културен излив се крајно маргинализирани во аналите на „општеството“, чекајки да бидат проголтани од крволочните амеби.
Република Амеба. Ова на српски а на македонски незнам како би гласело?!
ReplyDelete.. не знам ниту јас..
ReplyDelete