Friday, April 18, 2014

СЛУЖБЕНА РЕТОРИКА

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Мај.2009та година.

Го испивме пивото од флаша и ни вели конобарката нема више, ќе мора лименки да ви носам. И како човече да пиеш пиво од лименка? Едноставно немаш комуникација, па не гледаш ни што пиеш. Јас додуша никогаш и не сум бил по пиењето пиво, незнам што ми требаше. Изгледа такво друштво се погоди. И не го почитувам пивото ама ич. Нема тука што да се почитува. Те дуе, те тера во тоалет да одиш често, бљуткаво е без некој одреден вкус, на боја жолто да не кажам на што ме потсеќа. Комуникација пак никаква, еве и во чаша нека биде, само се пењави се тегави и се лигави, ко да зборуваш со шмизла некоја што завлекува Л на меко В. Башка да ти ибам алкохолот што е хранлив и полн со витамини. Бистрина никаква, треба незнам колку да испиеш и пак си ни ваму ни таму.

Пиво бре човече никогаш нема да поттикне во мене филозофски перцепции и реторики. Ниту некој посебен осврт на фундаментални прашања, со тоа целата суштина на пиењето алкохол  ти е промашена. Никогаш нема да го допрев и запознаев моето второ јас ако пиев само пиво. Едноставно немаше да постои. Не знам, никогаш не сум можел да ги разберам луѓето што пијат пиво, што бре луѓе уствари сакате да постигнете со тоа? Неодредена чудна сорта, сакаш да се начукаш ама не баш толку многу? Извините ме... ама јас ќе си останам стрејт.

No comments:

Post a Comment