Friday, April 18, 2014

МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ

Дела има многу. По креативност, јас лично сум импресиониран од нашава Ни. Ете конечно ја престигнавме и Демократска Република Конго. Имено ако можат тие да имаат вселенска програма, и веќе се прославија со развојот на ракетите под име „Тропосфера“ (буџет годишен од 50 000$) , што пак ние не можеме да имаме Барок, или пак Галии на Вардар, или пак Панорамско тркало и останати неопходни тракатанци. Неизбежна е паралелата помеѓу овие две навидум сосема неповрзани географски одредници, Македонија и Демократска Република Конго (забелешка до Т-Мобиле конечно да се потрудат да ги додадат во листа за роаминг, пошто се две Конга, а не ко што они мислат едно). Сосема симболично велам географски одредници, а симболиката е во тоа што ако сака некој од културниот свет да дознае за географската положба на било која од двеве спомнати земји, ќе мора секако да се послужи со географска карта.

Македонија на денешен датум. Земја на применет мултикултурализам. Што впрочем се гледа од прва со само една прошетка по центарот на главниот град. Можеби мало парче на простор, но сосема културно исполнето со ставки од секое сегментче од минатото. Овој мултикултурализам е присутен и кај самото население на нашата држава бидејки припадниците од сите културни заедници се доволно свесни за различностите што не обединуваат. Па така од време на време под диригентскиот фингер на политичките партии си разменуваат братски прегратки по автобусите и останатите собирања од масовен карактер. Тоа што во нашата држава нема алтернатива на сметките за струја и те како не е битно, затоа што нас не грее оваа мултикултурна Љубов. А кај што има Љубов никако не смее да стане збор за пари, бидејки Топлината и Љубовта со пари не се купуваат. На исто мислење се и нашата Влада, и компаниите што увезуваат струја. Тие поттикнувајки ја Топлината и Љубовта во државава, парично ги пробија сите плафони, истовремено докажувајки дека парите, а посебно оние од Буџетот на државава на овој народ и те како му се небитни. Па така имаме и гасовод кој иако е завршен во 96та година од минатиот век, сеуште е неактивен. Нашите политичари се свесни дека евтината Топлина едноставно не е тоа тоа и со таквата ни под разно не се поттикнува квалитетна мултиетничка/мултикултурна Љубов. Фактот што Љубовта е основен предуслов за да се живее во оваа држава истовремено го објаснува и чудото како луѓето со толку малку пари и толку висок % на невработеност успеваат да врзат крај со крај и пак да бидат среќни во своите кожурки. Бидејки да не се лажеме, протести од социјален каректер минатава година едноставно и немаше, а тоа е најголемиот доказ за Среќа, Љубов, Добробит.

Немаме ниту железничка пруга кон нашиот сосед Бугарија, ниту разгранета автопатна мрежа. Но тоа е само намерен и јасен показател дека ние како жители мораме да се фокусираме навнатре, еден кон друг и конкретно кон луѓето што не опкружуваат, за да бидат Топлината и Љубовта уште поголеми. Ние имаме можеби 2 000 000 жители, а можеби и помалку, присутни во нашата држава. Тоа е сосема ирелевантно и тие што сме малку останати овде, многу се сакаме. Од Македонија дури и Дедо Мраз го испраќаме со полни раце, најчесто за Прага, бидејки во давањето е среќата а не во земањето. Од мерките за поттикнување на Љубов, особено се истакнуваше мерката во последниве два месеци од годинава. Мерката на загаден воздух, едно прекрасно дело осмислено од нашите авторитети, кое дополнително придонесе да луѓето седат затворени во своите домови и шират Љубов во рамките на семејството.

Лесно е да се биде земја како Демократска Република Конго. Нема ладни зими, нема ветер и магла, нема ниту Љубов и Топлина помеѓу луѓето. Како поинаку да се објасни еден таков хаос во земја која изобилува со нафта, најразноразни минерали, тропски шуми и реки. Од сите тие изобилства луѓето се богати со омраза и се кољаат помеѓу себе. А ете и вселенска програма дури имаат, ама кога нема Љубов, исто како ништо да нема. Ама ќе ги престигнеме ние и во тоа. Веќе предвидувам, лебдечка лансирна ракетна рампа на сред Дојранско езеро. Нека се нарече „Дојранско 2018“. Секако се разбира во соработка со нашите ни мили соседи од Грција , бидејки и ним само Љубовта и Топлината им останаа.

СЛУЖБЕНА РЕТОРИКА

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Мај.2009та година.

Го испивме пивото од флаша и ни вели конобарката нема више, ќе мора лименки да ви носам. И како човече да пиеш пиво од лименка? Едноставно немаш комуникација, па не гледаш ни што пиеш. Јас додуша никогаш и не сум бил по пиењето пиво, незнам што ми требаше. Изгледа такво друштво се погоди. И не го почитувам пивото ама ич. Нема тука што да се почитува. Те дуе, те тера во тоалет да одиш често, бљуткаво е без некој одреден вкус, на боја жолто да не кажам на што ме потсеќа. Комуникација пак никаква, еве и во чаша нека биде, само се пењави се тегави и се лигави, ко да зборуваш со шмизла некоја што завлекува Л на меко В. Башка да ти ибам алкохолот што е хранлив и полн со витамини. Бистрина никаква, треба незнам колку да испиеш и пак си ни ваму ни таму.

Пиво бре човече никогаш нема да поттикне во мене филозофски перцепции и реторики. Ниту некој посебен осврт на фундаментални прашања, со тоа целата суштина на пиењето алкохол  ти е промашена. Никогаш нема да го допрев и запознаев моето второ јас ако пиев само пиво. Едноставно немаше да постои. Не знам, никогаш не сум можел да ги разберам луѓето што пијат пиво, што бре луѓе уствари сакате да постигнете со тоа? Неодредена чудна сорта, сакаш да се начукаш ама не баш толку многу? Извините ме... ама јас ќе си останам стрејт.

МАКЕДОНСКИ „ТРЕШ“ АРТ

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Јуни 2009та година.


Ова ќе беше соодветно име на тоа што се случува со Македонската Култура доколку Треш Артот се разбира веќе не беше означен и квалитетен правец во уметноста. Разно разни скулптури и споменици и паметници никнаа преку ноќ, разноразни изложби и инсталации, представи и други збиднувања во име на уметноста. Прашањето што еве јас ќе се обидам да го отворам, а не и да го одговорам е каде е тука критиката? Онаа паралелна дисциплина што ќе даде еден реалистичен и издржан осврт на се она што се случува околу нас во име на уметноста. Освен бледи знаци на одобрување, се разбира нарачано фингирани, ко што излегоа по некои медиуми, и неколку натписи што ги прочитав кои сепак со доза на страв колку толку опфатија некои теми, ништо. Штама. 

Издржана критика во Македонија не потои. Тоа е комплетниот заклучок што може да се донесе. Па добро бре, ако до толку немаме образувани критичари дајте да пренасочиме едно десетина пропали студенти од правен или од економски, пошто и онака е малце веројатно дека како такви ќе најдат работа после завршување на нивната сегашна ориентација. Ојде општествово јабана, толку ли се плашат луѓето да зборуваат и да кажат што навистина мислат? Па побогу луѓе, деца од градинка ќе кажат дека работиве што се појавуваат во име на уметноста во последно време едноставно не ги бидува, или се бедни копии на нешто од минатото. Еве Плаошник на пример, жив фалсификат, тоа го нема во ниту една заедница во светов да прави копии на нешто што одамна е изгубено. Па треба да се знае што е копија а што е оригинал барем кога станува збор за Археолошки локалитети. Пред некоја година го беа запрашале еден американски посредник за изградба, колку ќе чинело да се изградела Кеопсована сега. Типон сериозен, седнал, удрил пресметка и излегло дека за 3,5 години ќе се изгради исто таква и ќе кошта 15 000 000 000 УСД. Ама која е поентата од такво нешто? И зошто до сега никој тоа не го направил? Затоа што тоа било ремек дело да се направи тогаш кога е направено, 2560год. пред наше. Ете во Лувр ја направија модерната пирамида, што исто така беше ставена под жестока критика, која сепак главниот архитект, Лио Минг Пеи, ја одби и си ја докажа замислата. Се разбира станува збор за стручњак од својата област кој доволно ја познава проблематиката за да неговото дело не отиде узводно заедно со другите гомна. 

Кај нас тука начекаа недостаток на критика, исплашени уметнички полтрончиња кои незаморно ќе се потпикуваат и улизуваат до степен на „ми постана јазикот мазен ко лубеница“, за да се изгребат за некое проектче кое ќе го замачкаат со боите на политиката. Секоја чест на одредените исклучоци кои си држат до нивното, тоа ќе вреди и после долги години  многу повеќе од срањата што преку ноќ никнуваат насекаде.

САГАТА ПРОДОЛЖУВА

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Ноември.2008ма година.


Едноставно ги правиме идиоти и кретени сите оние идеолошки дејци што некогаш ја замислувале Македонија самостојна и среќна држава. 21ви век, скоро помина една декада. Ние како некои недораснати доенчиња се препелкаме во нашите покакани пелени. Сметаме дека НАТО и ЕУ ќе ни ги сменат и со тоа ќе се избрише срамот од гомливото себе покакување. 

Релациите во оваа (наша) држава најпросто се објаснуваат со еден познат феномен. Флаша со вода, 5недели потоа во неа не постојат бактерии. Едноставно на почетокот бактериите ги јадат хранливите состојки што заедно со нив се затекнале таму и се размножуваат. Кога овие состојки ќе ги снема тие почнуваат да се јадат меѓусебе се додека во овој период од 5 недели не се истребат тотално. Во нашиот народ може да се забележат ефектите од овој конзервативен систем. Со зборчето конзервација не мислам на визните ограничувања од другите земји туку мислам на она што се случува во главите на мнозинството луѓе. Значи ние не патиме од недостаток на информации, информациите се распослани насекаде, ние патиме од неприфаќањето на истите. Се држиме самите себеси затворени со истите бајати идеи и сметаме дека се што е различно нечини. Го опструираме различното и на тој начин се јадеме самите себеси и ги исцрпуваме психолошките ресурси и се разбира продолжува процесот што е погоре опишан со флашата.

Оваа психолошка конзервација и затуцаност на мислата навлегува во секоја пора од постоењето. Политички заморчиња колку сакаш, секаква сељачаана, шмизли и лиглевци се испонакотиле, оставајки многу мал простор за какво такво културно творење и виртуелно егзистирање. Eдноставната ментална исцрпеност не остава простор за почесто креирање. Сите што колку толку се појавуваат со по некој културен излив се крајно маргинализирани во аналите на „општеството“, чекајки да бидат проголтани од крволочните амеби.

ФИКТИВНА ПРИКАЗНА ОД БЛИСКА ИДНИНА

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Дек.2009та година.


 Ебааго, кој и се обидува воопшто да ги запримети тие ебани денови помеѓу католичкиот и православниот божиќ. Некакви денови исполнети со некакво хистерично празнување, многу алкохол, ебено ладно и расшљакано време. Се во чест на синот на Горнион се разбира, да не беше Он, две третини од дестилериите на планетава ќе зачукаа катанци на врата многу одамна. Денес се разбудив во некаков полусон и еве поминаа цели 2 часа од тој момент и сеуште не сум се освестил. Нејсе си велам, скоро цел живот ми е таков. До пред некоја година живеев со полусонот на транзицијата, од годинава во полусонот на претопувањето. Накратко ти се враќа филмот низ глава, си велиш колку лесно и брзо се навикнуваме ние луѓето на промени. Едноставно саркастично звучи, ама вистинито. Направени сме и испрограмирани да се навикнуваме на секоја промена, дури и лузните што остануваат во нашата психа се брзо испозамачкани од времето што немилосрдно минува и ги длаби нашите лица. 

Како вчера да беше кога девојката ме остави и отиде во Германија. Имала братучедка таму, и ќе работела заедно со неа во дискотека на шанк. Братучедка и беше некоја интересна сорта. Некој микс што секогаш кога ќе ја сретнев во мене предизвикуваше некоја доза на носталгија кон една држава што не постои некои 20 години. Секогаш се обидуваше да биде поразголена од другите девојки, секогаш и со секого се обидуваше да флертува. Таквото однесување предизвикуваше длабоко гадење и површна привлечност во мојата душа. Еднаш за малце и ќе ја плеснев. Бевме сите тројца на некоја „бринг ту ботл“ парти, со се разбира многу алкохол и гласна музика. Се чувствуваше и смрадот на тревката што една групичка ја вртеше во ќошот, јеби га, сепак беше мала просторија. На рибата моја и се слоши, братучедка и беше навикната, јас бев пивнат ко и секогаш за да приметам. Ја однесов дома со кола и продолжив да возам да ја оставам оваа вторава. По пат ми расправаше колку сме биле мили и отворени ние Балканците. Колку кај нив машките биле површни и затворени, како камења. Кога се сексала со нив тоа било строго анималистички, без никакви чувства. Тоа многу и фалело, секс со чувства. Застанав на некои добри 80 секунди на семафор, се размислив, си реков не вреди, после толку алкохол нема да ми се дигне. После еден месец со многу журкање и двете отидоа. Нека кршат глава.Мојана и онака ми беше само навика, си велев боље да си со некого него да си сам. Сега си велам боље да сум сам, него да не сум со сите. Ми се јави после два месеци, ми бараше пари за да се врати назад. Не успеала да се запосли во дискотека, не знаеше да бекне ни два збора Германски, не даваат плата на лепе очи таму. Само се прочешав за долнион, онака монотоно, промљацкав нешто во слушалката и стиснав црвено.

Се навикнав више и на чуднине фаци што се шуњаат по градон. Ко зомбија од некој лајт хорор филм. Најинтересни ми се Африканците, секогаш се шуњаат со нивните шарени облеки, и секогаш се жалат на ладно. Во некоја рака ги разбирам, едно време и јас работев по Африка и никако не се навикнав на ебеното топло време. Ама тука кај нас барем не смрди толку, никогаш не се навикнав на тоа. Секоја ебена миризба се мултиплицираше десеткратно на тропскана горештина. Рај и сон за секоја бактерија. Они доаѓаат овде ко божем да студирале, одскочна даска, откако ги направија факултетине под европска капа, ретко кој се запишуеше. Сега навистина треба да се учи за диплома. Они само запишуваа, посетуваа настава по еден семестар и се префрлаа на сродни факултети по Европа. Секој Петок во Метропол има Афрички журки, не одам пошто ме потсетуваат на миризбата. Општо земено не одам повеќе на журки. И онака имам проклето многу работа во последно време. Изгледа тоа останува со годините што доаѓаат. Предизвикот да решиш што е можно повеќе проблеми. Недостигот на конкуренција си го направи своето, за работа и пари повеќе не е проблем. Ако размислам два пати всушност и никогаш не беше проблем. За добар техничар секогаш се наоѓа работа, зависи лично од тебе колку сакаш да работиш. 

 Ај си велиш, ќе затопли за некој месец. Ќе го извадам тоа точакон и ќе го растрчам. Ќе ги раздвижам телесните сокови па можеби и психава ќе ми живне малце. Пролетта е многу чудна работа. Ќе дојде, ќе залистат дрвана, ќе разелени тревана, ќе ти се стопли душата. Природата ќе те повика немилосрдно, и бегаш од работа за да возиш точак. Тоа е она што останува во животот. Најинтересни на пролет ми се тазе доселенине пензионерчиња. Најмногу ги има Британци. Имаат мерак да возат веспи, секогаш со бели кациги и тоа британското знамеце залепено. Тоа е сега најнова мода во градов. Шмизлите што останаа им се лепат ко муви на онакво. Пуни се со пари, јеби га, Британска пензија да ја трошиш во Македонија не е заебанција, ти стигнува дури и за вијагра секоја вечер. Има и два-тројца што возат точаци, ама тие се мирни. Изгледа такви сме ние точкарџиите по природа. Со смирена душа и психа. Единствено нешто што Не пали е долга бела линија, на автопат.

ДЕН КО ДЕН

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Април.2010та година.

Кракнал бојлерот. Се замислив што ќе се случеше да бев таму. Онака си седиш на ВЦ шоља си читаш весник и во дел од секунда те облева врела пареа. Богами незгодно. За среќа не бев присутен на настанот во посочениве „олеснителни“ околности, ама сепак ете ме замисли. Во секунден сегмент ми пројде низ глава цела Физика и Термодинамика и Клапејронова равенка и технологија за изработка на садови под притисок. Мислам да се разбереме, одма ми беше јасно дека термостатот заебал работа. Тоа ебено парче метал кое треба да е навикнато да се витка со промена на температурата, едноставно денес решило да заборави на својата навика. ЈБГ, шит хапенс, во конкретниов случај можеше да биде и шит вајл Ју шит хапенс. 

Од друга страна ситуација ми дојде олеснително. Онака Монти Пајтоновски „енд нау самтинг камплитли диферент“ ме продрма и протресе и ме натера да размислувам за посекојдневни срања. Посекојдневни од на пример „Проблемот со Името“, „Проблемот на Брат Љубе“ и „Проблемите на Шехерезада“. Можеби на оваа нација токму тоа и треба за разбудување од „транзиционив сон“, некаква празна експлозија, некаков паднат метеорит некаде таму во некоја од планиниве. Да рокне и да ги подразбуди сите потсетувајки на минливоста на животот, светоста на фамилијарните обврски, грижата за своето и здравјето на поблиските..

РЕНЕСАНСА И ХУМАНИЗАМ

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Април.2009та година.

Како не бе. Врска немало, Бог знае на што мислел Леонардо коа ја сликал Мона Лиза. Ја лично можам да се опкладам дека типов бил до толку импресиониран од нејзините атрибути (читај цицки), што мљацкал уште едно три дена после сесијата. Тоа дали она се смеела или не, уопште не е битно и е тоталка ирелевантно, пошто Леонардо и ја насликал фацата чисто колку да има облините нејзини со што да се уклопат. И ајде сеа после 5 века го продаваат тоа као највозвишена уметност и скоро 90% од луѓето што го посетуваат Лувр го правеле тоа за да ја видат таа сјебана слика. Во суштина ако им беше навистина до тоа да видат примери за почетокот на ренесансата, ќе се знаеше општо познатиот факт дека по некои од манастирите и црквичињата во Македонија, ренесансата започнала далеку пред 15тион век. Еве прост пример, во близина на Скопје е, Св. Пантелејмон, појдете и видете ги фрескине таму, човече по дефиниција права ренесанса, а насликано во 13ти век. Ама нејсе, изглеа ако нема еротски моменти нема да се прослави и после нека каже некој дека eротика не продавала. Ха, вива ла Викторија Сикрет и Хајди Клум.
Јас нај искрено никогаш не сум бил попален по долна облека од Викторија Сикрет. Чипка не ме привлекува. Незнам, можеби затоа што сум патријархално и домашно воспитан, можеби поради тоа што сум дете на касните фази од социјализмот. Меѓу првите сеќавања во животот ми е Тито кога умре, и кога Вардар надојде и му еба мајката на мостот кај Дуброво па се расправавме со братучед ми дали може Вардар да се помине со голем камион. Од денешен аспект, познавајки какви камиони користат за вадење на нафта во Алберта, Канада, можам да кажам дека сепак сум бил во право.  Ама бела гаќа си е бела гаќа, заеби и розе танга и све коа не ти е природно. Чипка ме скокотка на допир и едноставно не ми се уклапа у идеологија и амбиент!

ДРАГА МАМО

...Во зародиш на Сонцето што умира
и копнежот на измрцварената психа
го дотолчува секој ркулец про'ртен
во трулата почва на постоењето...

ФИЛОСОФИЈА (што е поентата?)

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Јануари.2009та година.

Се напрегнуваш со надчовечки напори и од петни жили, да досегнеш до најскриеното ќоше во правливиот Ум. Сакаш да отидеш таму пред сјебаната водка што во којзнае која количина си ја испил, и безнадежно се тркаш. Маратонска трка у стилу Гебреселасие против неговата сенка, посегнуваш кон ќошето и мамурливо се насмевнуваш. Аха, сега те фатив, ти сјебано трошче од совест што си се скрило во тоа ќоше и ме триеш како зрнце песок коа ќе ми влезе у патика па и меѓу ножните прсти, дури и кога ќе го отстранам тоа чувството продолжува да иритира.
И го допираш и пробуваш да го исчепкаш надвор, чекај можеби со малото прсте требаше, не оди, чекај ќе пробам со другото мало прсте ноктот таму ми е малце подолг. Пак не оди, а далеку во позадина помеѓу двата веќе заглушени ушни отвори, те мава господин господин Абсолут во малиот мозок и те бодри што е најтрагично. Ти вели ајде чедо, можеш ти, напрегни се уште малце повише. Слушај ме што имам јас да ти кажам, па јас сега сум твојот најдобар другар, јас сум секаде во тебе па и надвор од тебе, јас сум спој на двајцата најдобри другари што икад си ги имал. Ние сме еден а ти се обраќаме од две места, гледај што убаво ти се смеам од чашкава што е пред тебе а во едно ти зборам и те бодрам од внатре. Навивам за тебе, за твојот вончовечки напор, уште малку и ќе успееш. Ќе го исчепкаш тоа зрно што толку многу те иритира, можеби чувството ќе остане уште само малце потоа ама после ќе се чувствуваш како Бог.
И пак запнуваш со вистинското мало прсте од петни жили со ноктето, и тогаш одеднаш мала диверзија ти го попречува вниманието, ама само вниманието, ноктето си продолжува да работи, те подготвил тебе господин господин Абсолут за мултитаскинг. Се враќаш пак назад кон подсвеста, кон суштината на господин господин Абсолутовото присуство и севкупната поддршка, но на сред пат одиш лево и десно и слушаш, а што друго всушност и би можел на тоа место кога ќе се појавиш. Си велиш дали слушнав нешто како ми се обрати и ме повика? Или е само текстот и музиката на сјебанава песна? ДЏејов да не случајно кажа нешто битно? Го вклучуваш визуелниот едитор и се фокусираш на господин господин Абсолут што е во проѕирна безбојна структура пред тебе кој пак ти се смешка и те подсетува дека е тоа само интерна комуникација. Тој дел од самиот Он сеуште не почнал да ти зборува што те подсетува да си го исплакнеш грлото со еден добар гутаљ, и те прелева чувство на восхит. Поготово кон Руската култура, што измислила една ваква прекрасна личност да те крепи во битни моменти од твоето постоење. Ти не мораш да сфатиш, ти знаеш дека Он е неопходен ингридиент од твојот живот. Енергија, што е секогаш на дофат кога ти треба, секогаш спремна за дружење, спремна за циклично прелевање од материјално во нематеријално.Се насмевнуваш на самиот себеси и ти текиња, да тоа е тоа, она ајнштајновското E=mc³, релација со која добиваш од внатре чиста интелигентна енергија користејки го надворешното безбојно материјално.
Прстето и ноктето сеуште таму некаде дабоко ја водат својата битка со зрнцето песок, очите магловито намигаат несиметрично, па и како всушност да не го прават тоа кога овие светла и ласери замараат и иритираат, ех да можев сега да го видам сјајот на Месечината, или барем на Сириус, и тогаш ти текнува дека со самото појавување пред нив тоа ќе биде сквернавење на лулката на сите науки, астрономијата се разбира, пошто таа постои од кога првите луѓе ли, мајмуни ли,  погледнале од дрвата нагоре.
И си велиш, нема ти мене да ме предадеш, заебано зрнце на песок, чекај да се посоветувам јас со Ајнштајн уште неколку пати, овој пат до дното. Ама дното веќе не е пред тебе, автоматски ти се префрла вниманието позади шанкот на полиците. Тоа што има прекрасна девојка помеѓу тебе и полиците, со долга плава коса и тело како срна, тоа веќе го знаеш и тоа е во твојот мозок. Никој тоа не може да ти го оспори, сконцентрирај се на дното, на дното таму горе некаде од проѕирното шише со некои плави шкрабаници кои се Абсолутно ирелевантни. Само тропнуваш двапати по дрвото од шанкот со празното проѕирно пред тебе и некако магично тоа станува пак полно. Плус со неколку коцки на мраз испратени таму со прекрасната насмевка од уште попрекрасната типка, но не е сега тоа поентата.
Дрмнуваш гутаљ и се враќаш на сјебаното зрно песок.. па и тоа сега веќе не е поентата. Хмммм се запрашуваш за момент исплашено, што беше поентата? Те фаќа паника, и самиот знаеш дека без поента не можеш да продолжиш со дружба. Аха ... ми текна, можеби е во тие коцките меурлести и безбојни што така безгрижно си пливкаат во твоето најдобро другарче.. си велиш чекај уште една консултација, овојпат внесуваш и кјубикл и го задржуваш во усната шуплина, се разбира не и тоа другото, тоа другото е незадржливо, оди надолу и се убрзува и по инерција продолжува одма нагоре и тогаш имаш двоен ефект, на истовремено топло и ладно кои се толку близу, како едно се. Ти светнува, да, тоа е тоа, во тоа е суштината на постоењето, во тоа е поентата...