Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Јуни 2009та година.
Ова ќе беше соодветно име на тоа што се случува со Македонската Култура доколку Треш Артот се разбира веќе не беше означен и квалитетен правец во уметноста. Разно разни скулптури и споменици и паметници никнаа преку ноќ, разноразни изложби и инсталации, представи и други збиднувања во име на уметноста. Прашањето што еве јас ќе се обидам да го отворам, а не и да го одговорам е каде е тука критиката? Онаа паралелна дисциплина што ќе даде еден реалистичен и издржан осврт на се она што се случува околу нас во име на уметноста. Освен бледи знаци на одобрување, се разбира нарачано фингирани, ко што излегоа по некои медиуми, и неколку натписи што ги прочитав кои сепак со доза на страв колку толку опфатија некои теми, ништо. Штама.

Издржана
критика во Македонија не потои. Тоа е комплетниот заклучок што може да
се донесе. Па добро бре, ако до толку немаме образувани критичари дајте
да пренасочиме едно десетина пропали студенти од правен или од
економски, пошто и онака е малце веројатно дека како такви ќе најдат
работа после завршување на нивната сегашна ориентација. Ојде општествово
јабана, толку ли се плашат луѓето да зборуваат и да кажат што навистина
мислат? Па побогу луѓе, деца од градинка ќе кажат дека работиве што се
појавуваат во име на уметноста во последно време едноставно не ги
бидува, или се бедни копии на нешто од минатото. Еве Плаошник на пример,
жив фалсификат, тоа го нема во ниту една заедница во светов да прави
копии на нешто што одамна е изгубено. Па треба да се знае што е копија а
што е оригинал барем кога станува збор за Археолошки локалитети. Пред
некоја година го беа запрашале еден американски посредник за изградба,
колку ќе чинело да се изградела Кеопсована сега. Типон сериозен, седнал,
удрил пресметка и излегло дека за 3,5 години ќе се изгради исто таква и
ќе кошта 15 000 000 000 УСД. Ама која е поентата од такво нешто? И
зошто до сега никој тоа не го направил? Затоа што тоа било ремек дело да
се направи тогаш кога е направено, 2560год. пред наше. Ете во Лувр ја
направија модерната пирамида, што исто така беше ставена под жестока
критика, која сепак главниот архитект, Лио Минг Пеи, ја одби и си ја
докажа замислата. Се разбира станува збор за стручњак од својата област
кој доволно ја познава проблематиката за да неговото дело не отиде
узводно заедно со другите гомна.
Да, сум го читал овој пост.Но не се сеќавам да сум бил логиран на блогспотможеби тогаш онака кога тонеше бродот :)
ReplyDeleteова беше објавено прво на blog.com.mk .. беше и на насловна кога беше онаа типката уредничка ... како и беше никот само ... потоа беше префрлено на blog.mk ... нели со онаа безвезна миграција кога многу блогери ги изгубија постовите... а гасењето на таа платформа не фати комплетно off guard и све на све имав 2 часа па спасив едвај 10тина поста... катастрофа... :(
ReplyDelete