Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Април.2010та година.
Кракнал бојлерот. Се замислив што ќе се случеше да бев таму. Онака си седиш на ВЦ шоља си читаш весник и во дел од секунда те облева врела пареа. Богами незгодно. За среќа не бев присутен на настанот во посочениве „олеснителни“ околности, ама сепак ете ме замисли. Во секунден сегмент ми пројде низ глава цела Физика и Термодинамика и Клапејронова равенка и технологија за изработка на садови под притисок. Мислам да се разбереме, одма ми беше јасно дека термостатот заебал работа. Тоа ебено парче метал кое треба да е навикнато да се витка со промена на температурата, едноставно денес решило да заборави на својата навика. ЈБГ, шит хапенс, во конкретниов случај можеше да биде и шит вајл Ју шит хапенс.

Од
друга страна ситуација ми дојде олеснително. Онака Монти Пајтоновски
„енд нау самтинг камплитли диферент“ ме продрма и протресе и ме натера
да размислувам за посекојдневни срања. Посекојдневни од на пример
„Проблемот со Името“, „Проблемот на Брат Љубе“ и „Проблемите на
Шехерезада“. Можеби на оваа нација токму тоа и треба за разбудување од
„транзиционив сон“, некаква празна експлозија, некаков паднат метеорит
некаде таму во некоја од планиниве. Да рокне и да ги подразбуди сите
потсетувајки на минливоста на животот, светоста на фамилијарните
обврски, грижата за своето и здравјето на поблиските..
No comments:
Post a Comment