Friday, April 18, 2014

ФИКТИВНА ПРИКАЗНА ОД БЛИСКА ИДНИНА

Оригинално објавено на блогот www.algorit007.blog.com.mk Дек.2009та година.


 Ебааго, кој и се обидува воопшто да ги запримети тие ебани денови помеѓу католичкиот и православниот божиќ. Некакви денови исполнети со некакво хистерично празнување, многу алкохол, ебено ладно и расшљакано време. Се во чест на синот на Горнион се разбира, да не беше Он, две третини од дестилериите на планетава ќе зачукаа катанци на врата многу одамна. Денес се разбудив во некаков полусон и еве поминаа цели 2 часа од тој момент и сеуште не сум се освестил. Нејсе си велам, скоро цел живот ми е таков. До пред некоја година живеев со полусонот на транзицијата, од годинава во полусонот на претопувањето. Накратко ти се враќа филмот низ глава, си велиш колку лесно и брзо се навикнуваме ние луѓето на промени. Едноставно саркастично звучи, ама вистинито. Направени сме и испрограмирани да се навикнуваме на секоја промена, дури и лузните што остануваат во нашата психа се брзо испозамачкани од времето што немилосрдно минува и ги длаби нашите лица. 

Како вчера да беше кога девојката ме остави и отиде во Германија. Имала братучедка таму, и ќе работела заедно со неа во дискотека на шанк. Братучедка и беше некоја интересна сорта. Некој микс што секогаш кога ќе ја сретнев во мене предизвикуваше некоја доза на носталгија кон една држава што не постои некои 20 години. Секогаш се обидуваше да биде поразголена од другите девојки, секогаш и со секого се обидуваше да флертува. Таквото однесување предизвикуваше длабоко гадење и површна привлечност во мојата душа. Еднаш за малце и ќе ја плеснев. Бевме сите тројца на некоја „бринг ту ботл“ парти, со се разбира многу алкохол и гласна музика. Се чувствуваше и смрадот на тревката што една групичка ја вртеше во ќошот, јеби га, сепак беше мала просторија. На рибата моја и се слоши, братучедка и беше навикната, јас бев пивнат ко и секогаш за да приметам. Ја однесов дома со кола и продолжив да возам да ја оставам оваа вторава. По пат ми расправаше колку сме биле мили и отворени ние Балканците. Колку кај нив машките биле површни и затворени, како камења. Кога се сексала со нив тоа било строго анималистички, без никакви чувства. Тоа многу и фалело, секс со чувства. Застанав на некои добри 80 секунди на семафор, се размислив, си реков не вреди, после толку алкохол нема да ми се дигне. После еден месец со многу журкање и двете отидоа. Нека кршат глава.Мојана и онака ми беше само навика, си велев боље да си со некого него да си сам. Сега си велам боље да сум сам, него да не сум со сите. Ми се јави после два месеци, ми бараше пари за да се врати назад. Не успеала да се запосли во дискотека, не знаеше да бекне ни два збора Германски, не даваат плата на лепе очи таму. Само се прочешав за долнион, онака монотоно, промљацкав нешто во слушалката и стиснав црвено.

Се навикнав више и на чуднине фаци што се шуњаат по градон. Ко зомбија од некој лајт хорор филм. Најинтересни ми се Африканците, секогаш се шуњаат со нивните шарени облеки, и секогаш се жалат на ладно. Во некоја рака ги разбирам, едно време и јас работев по Африка и никако не се навикнав на ебеното топло време. Ама тука кај нас барем не смрди толку, никогаш не се навикнав на тоа. Секоја ебена миризба се мултиплицираше десеткратно на тропскана горештина. Рај и сон за секоја бактерија. Они доаѓаат овде ко божем да студирале, одскочна даска, откако ги направија факултетине под европска капа, ретко кој се запишуеше. Сега навистина треба да се учи за диплома. Они само запишуваа, посетуваа настава по еден семестар и се префрлаа на сродни факултети по Европа. Секој Петок во Метропол има Афрички журки, не одам пошто ме потсетуваат на миризбата. Општо земено не одам повеќе на журки. И онака имам проклето многу работа во последно време. Изгледа тоа останува со годините што доаѓаат. Предизвикот да решиш што е можно повеќе проблеми. Недостигот на конкуренција си го направи своето, за работа и пари повеќе не е проблем. Ако размислам два пати всушност и никогаш не беше проблем. За добар техничар секогаш се наоѓа работа, зависи лично од тебе колку сакаш да работиш. 

 Ај си велиш, ќе затопли за некој месец. Ќе го извадам тоа точакон и ќе го растрчам. Ќе ги раздвижам телесните сокови па можеби и психава ќе ми живне малце. Пролетта е многу чудна работа. Ќе дојде, ќе залистат дрвана, ќе разелени тревана, ќе ти се стопли душата. Природата ќе те повика немилосрдно, и бегаш од работа за да возиш точак. Тоа е она што останува во животот. Најинтересни на пролет ми се тазе доселенине пензионерчиња. Најмногу ги има Британци. Имаат мерак да возат веспи, секогаш со бели кациги и тоа британското знамеце залепено. Тоа е сега најнова мода во градов. Шмизлите што останаа им се лепат ко муви на онакво. Пуни се со пари, јеби га, Британска пензија да ја трошиш во Македонија не е заебанција, ти стигнува дури и за вијагра секоја вечер. Има и два-тројца што возат точаци, ама тие се мирни. Изгледа такви сме ние точкарџиите по природа. Со смирена душа и психа. Единствено нешто што Не пали е долга бела линија, на автопат.

No comments:

Post a Comment