Monday, May 26, 2014

„Слободни Радикали“ ...

Секоја некородирана и некорумпурана клетка представува опасност. Не иде работава брате. Проста фикција на извртена реалност.  Брод што плови со едрата под вода и крмата во воздух. На површината ѕирка само тромава контура обвиткана со цркнати школки кои се печат на сонцето повремено заплиснати од брановите. Желбата за исклучителност и неспособноста да се достигне истата пародично се потсмеваат со принципите на природата. Ниту гравитацијата повеќе функционира. Одењето наопаку станува општо прифатена моралност по оваа трауматично лизгава дрвена палуба. Наглото вртење на кормилото од едната на другата страна повеќе не дава никаков резултат. Тоа сепак не ги збунува оние што управуваат со оваа покисната дрвена маса. Привидот и не е толку јасен со оглед на тоа што светлината е заматена во морските води. Сите движења се забавени и делуваат како инертно тромави облици на отпор кон масивниот ветар.Плутаме.

No comments:

Post a Comment