Пред пар години чекаме у автобус на аеродромот Шопен у Варшава да не истоварат на терминал па да фатиме кој накаде, а онакво време беше и сите со маски.. и некој висок лик кој патуваше со сопругата и децата, гледајки ја гужвата за пасошка контрола внатре во терминалот искоментира „бре, гледај куп луѓе се гужваат за влез у Пољска“.. И секогаш кога сум во истиот автобус одново ми доаѓа оваа сцена и тоа како времињата се менуваат, додуша Полјаците никогаш не се откажаа од нас, и ден денес самоиницијативно ни се едни од најбројните туристи. Генерално одат во нашите краишта во „див“ туризам, со некоја идила за Балкански кафани каде што е гласно, евтино, се пуши и се пие, каде што се уште е можно да се патува ауто-стоп или да се скита по нашите „паланки“ и планини во лов на пустоловини и приказни што после тоа долго ќе се прераскажуваат. Сепак кај помладите генерации кои се имаат здадено на шетање по Европа и по светот, Балканот им е потешка материја за преџвакување, и едино ако немаат по дома некој тежок „Југоносталгичар“ па да им расправа за тоа Југословенското (односно све она од кое оние беа лишени во тие комуњарските времиња), најчесто ја мешаат Македонија со Молдавија а Балканот им е некој закоравен крај во кој што царуваат диви луѓе и змејови као во „Вјеџмин“ (The Witcher) или пак „Игри на Троновите“.
Во денешнава реалност, Полска е една високо развиена држава, со сите елементи што се актуелни во модерната цивилизација. Од брзи возови и високонапредни технологии за развој и производство на се и сешто, до 4К национални телевизии со високо квалитетни спортски и културни преноси и продукции од кои нас Балканците би не заболела главата. Минатово лето во Варшава доживеавме на пример ничим изазвана инфлација, односно скокнаа сите цени во градот само поради тоа што неколку музички ѕвезди решиле да го стават и овој град во својот распоред за турнеи. Па ни дојдоа Металика, Скорпионс, Тејлор Свифт .. и посебно овој последниот предизвика ценовно цунами. Ќе остане запамтен и како легендарен (во аналите на „Свифтовците“) пошто беше последниот пред тој Виенскиот, кој беше откажан поради закана од терористички напад од некој Македонец (инаку роден и израснат у Виена, Аустрија, од родители преселени од Македонија).
Но и покрај евидентните денешни културолошки разлики и тенденции за развој на општествата, културолошки (можеби повеќе и потсвесно од свесно) остануваме поврзани поради прелевањата на она што ние најизобилно го имаме и по пат на осмоза се преточува кон сите крашта на планетава што имаат потреба од тоа, нашите ритмови и музика. Па така не постои веселба овде во Полска, и не постои радио станица исто така, на кои од време на време нема да се слушне и нешто „наше“. А тоа дека е наше, само ние изгубените од Балканот ќе го препознаеме, пошто младиве Полјаци си мислат дека тоа е нивно.. а можеби и е.. кој да ти знае веќе во сите тие прелевања кога се вика „на здравје“, и по наше и по нивно, кое од каде и во која чаша било и каде завршило..
Krzysztof Krawczyk & Goran Bregovic - Moj przyjacielu [Official Music Video] - YouTube
Tекстот е сменет, не е тој жалопојниот-носталгичен на Бајага, туку Полска мафијашка верзија, каде што пее дека „Мој пријателе све ти дадов, пари, спокој, гитара, и кола.. жена ми не ти ја дадов..таа сам си ја зеде“.. и пазете кој е на коцкарска маса седнат и е еден од мафијашите со пиштољ у рака :)
Kayah, Goran Bregović - Prawy do lewego
Еден од коментарите на оваа песна вели „Legenda głosi, że wesele bez tej piosenki jest równoznaczne z nieważnością ślubu xD“ или во превод „ Легендата вели дека свадба без оваа песна е еквивалент на нелегитимна свадба“.. и тоа е најубавиот опис за оваа песна..
Kayah i Bregović - Warszawa 10.09.1999
Овде е и цел концерт, сосе „султанот“ у бело на сцена, со некоја своја славјанска свита у позадина и Каја на вокал ... од Чаје Шукарије па натака... опусот и те како е препознатлив.
Како ме спаси еден богобојазлив и доверлив зајмодавач {trustbridgefinancialservice943@yahoo.com}..
ReplyDeleteЗдраво, јас сум Алмоханади и моментално живеам во Германија. Бог ме благослови со две деца и прекрасна сопруга. Ветувам дека ќе го споделам ова сведоштво поради Божјата милост во мојот живот. Пред три недели очајно ми требаа пари, па размислував да земам заем, но налетав на погрешни луѓе – некој што тврдеше дека дава заеми, а всушност беше измамник. Тој ми зеде 1.500 евра и потоа престана да ми одговара на пораките, што ме остави збунет и очаен. Но, Бог ми помогна: еден ден отидов во црква и по службата разговарав со една пријателка, која ме упати кон една компанија. Таа ми кажа дека добила 70.000 евра од г-дин Марк, извршниот директор на „Trust Bridge Financial Service“. Ја зедов неговата адреса за е-пошта, тој ми ги објасни правилата и условите кои ги испочитував, а по обработката на документите, ми го одобри заемот од 55.000 евра... Затоа, ако сте заинтересирани за заем, можете да го контактирате на оваа е-адреса: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com или да испратите порака на +2349124847559. Ви благодарам; сигурен сум дека и вам ќе ви помогне.