Monday, February 1, 2016

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ...

Ќе се простам со тебе на истото место каде што и се запознавме. Додуша не баш на истото место бидејки беше тоа на една друга блог платформа. Каде што блоговите имаа душа. Напишана душа по нашки, на кирилица. Отиде платформата јабана, отидоа и блоговите и блогерите. Си отиде и Ти пријателке. Мистериозно на истиот начин на кој што и пристапи. Те интересираше психата, интелектот.. генерално СЕ. Ги бараше необичните луѓе, таквите што имаа душа и светови во себе. Знам дека за тебе исто времето не постоеше.

И знам дека никогаш не стигнавме да одиграме партија шах. Ми беше страв да играм шах со тебе, најискрено и ете никогаш не стигнав да ти кажам. Сите оние преписки по блогерај а и кафиња со муабет испиени во живо, ми даваа надеж во луѓето. Дека постои интелектот и човечноста, само треба да ги исчепкаш. А Ти многу добро ги читаше луѓето, најискрено кажано со тебе секогаш имав чувство како да играм шах. Сите оние муабети со обиди да ја објасниме човековата психа, исповрзани со закони на природата и сите интелектуализми и пецкања. Ти беше психологот а јас астрономот-рационалист. Времето ќе прекинеше да постои и ниту испиеното кафе беше релевантна мерка за околното постоење.

Некако се разделивме со комуникацијата кога почнавме премногу да се читаме еден со друг. Ја чувствував таа тежина во твојот поглед. Кога ќе стигнеш до некои крајни бариери во нечија психа, кога ќе почнеш несвесно да нагризуваш од тоа што не ти е за осознавање, почнуваш да ретерираш. Ќе се чуевме од време на време со краток и интересен апдејт, предизвикувачки за некоја следна средба можеби. Со провокација на осознавање на нови знаења и моменти, такви што отвараат прашалници и надеж за ново скокотливо дружење. Што ете не ни се случи. Бидејки Ти отиде надвор од овој свет. Свет во кој треба да ги бараш убавите работи со кандилце.

А знам, ќе се сретнеме пак. Во некоја форма на постоење. Каква и да е. Ќе биде на една огромна полјана офарбана во боите на шаховската табла. Ќе седиме крс-нозе на двата рида на север и на југ од полјаната и ќе лебдиме на персиските килимчиња. Ќе комуницираме без изустен збор, а фигурите сами ќе се поместуваат, додека виолетовото Сонце ќе ни биде во Зенит.

Збогум Нерзима.

4 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. This comment has been removed by a blog administrator.

    ReplyDelete
  3. Животот,драга моја,го повлече последниот потег погрешно и дрско.Ти го одзеде правото да возвратиш со збор,со удар,со поглед...а ти,ти не остануваше должна никому во преписките.Јасна во мислите и вечно романтична се даде себеси и со последниот здив.Биди спокојна и мирна. Со нас си во мислите драга наша Нерзима.
    Во еден здив импулсивно како и секогаш-ИМПУЛСИВНА.

    ReplyDelete
  4. Како ме спаси еден богобојазлив и доверлив зајмодавач {trustbridgefinancialservice943@yahoo.com}..

    Здраво, јас сум Алмоханади и моментално живеам во Германија. Бог ме благослови со две деца и прекрасна сопруга. Ветувам дека ќе го споделам ова сведоштво поради Божјата милост во мојот живот. Пред три недели очајно ми требаа пари, па размислував да земам заем, но налетав на погрешни луѓе – некој што тврдеше дека дава заеми, а всушност беше измамник. Тој ми зеде 1.500 евра и потоа престана да ми одговара на пораките, што ме остави збунет и очаен. Но, Бог ми помогна: еден ден отидов во црква и по службата разговарав со една пријателка, која ме упати кон една компанија. Таа ми кажа дека добила 70.000 евра од г-дин Марк, извршниот директор на „Trust Bridge Financial Service“. Ја зедов неговата адреса за е-пошта, тој ми ги објасни правилата и условите кои ги испочитував, а по обработката на документите, ми го одобри заемот од 55.000 евра... Затоа, ако сте заинтересирани за заем, можете да го контактирате на оваа е-адреса: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com или да испратите порака на +2349124847559. Ви благодарам; сигурен сум дека и вам ќе ви помогне.

    ReplyDelete