Сите ние го имаме тој некој човек покрај нас. Наречете го како сакате, еве јас ќе го наречам „гласот на разумот“. Човекот што бескомпромисно и безрезервно е спремен да ви каже се што навистина мисли за вашите „дела“, без да ве потапша по рамо и без да очекува дека и вие исто ќе го потапшате по рамо со вашиот одговор. Уште ако е тоа човекот што ќе се потруди да во тие моменти на просветлување ви донесе некое количество на алкохол, што ете од несебични причини, решил да го сподели со вас во тие моменти на искрено себеосознавање... е тоа е пријателе личноста што би сакале да ја задржите во вашиот живот.
Критиката почна да станува бесценета работа на оваа ебана планета. Не знам како е на другите, за сега возможно е да се биде жив само на оваа, меѓутоа чувајте се од слатко-речивите. Од оние ликови што никогаш не се во состојба да го прифатат предизвикот и да зачекорат во непознатото, во неодбележаната територија, да ги излеат своите вистински импресии без притоа да водат сметка дека можеби нема да се изразат со „вистинските зборови“ и евентуално навредат/повредат некого. Па поѓаволите, одзема поприлична доза на ментална енергија напорот да се ставиш во туѓи чевли, да пробуваш да разбереш некого. Да се разбереме, мојот личен став е дека тоа само по себе и воопшто не е возможно. Некако првата категоризација што мене ми лично ми доаѓа на памет е да го наречам тоа „Етикетизам“.
Етикетизмот е една болна и ниска душевна состојба при која „оценувачот“, односно тој што ве сослушува, од разноразни причини, нема воља да се стави за момент во вашите чевли. Во неговата сивкаста маса, таму некаде горе, една педа над неговото торзо, не можат да се оформат такви Хемиски процеси, што на дотичниот ќе му обезбедат интелектуален потенцијал за да се започне со една неформална анализа во својство на барем и делумно разбирање на искажаната материја. Па така на дотичниот „набљудувач“ му е многу полесно да започне процеси што само ќе премачкаат лепак и ќе ја залепат етикетата на содржината од искажаното. Бидејки ниту една тегла не смее да заврши на полиците неетикетирана и „неосознаена“. Со други зборови еден прост пример за ментална само-кастрација.
За разлика од овие, Брисендените, иако се реткост, сепак постојат. Успехот на успешните луѓе е да го пронајдат Брисенден во својот живот. Без разлика која и да е цената на просветлувањето, овие релации изускуваат трпение, сослушување, самоанализа и отсуство на импулсивност. Доблести што секој искрен почитувач на начините на свеста и интелектот е должен да ги следи. Да, и ова, не секогаш овие релации функционираат во обете насоки. Бидете среќни доколку го пронајдете овој лик во вашиот живот, и не протестирајте доколку ви кажат дека треба да ја прекинат дискусијата, затоа што треба да ја прошетаат својата Малтешка пудла токму тогаш.
Еве ги деталите за е-пошта за контакт со г-дин Бенџамин, Lfdsloans@outlook.com. / Или Whatsapp +1 989-394-3740 што ми помогна со заем од 90.000,00 евра за да го започнам мојот бизнис и многу сум благодарен, навистина ми беше тешко тука обидувајќи се да направам начин како самохрана мајка не е. лесно со мене, но со помош на г-дин Бенјамин стави насмевка на моето лице, како што гледам како се развива бизнисот и се развива. за финансиска помош или поминување низ тешкотии со таму бизнис или сакате да започнете бизнис проект може да го видите тоа и да се надевате дека ќе излезете од неволјите .. Ви благодарам.
ReplyDelete