Wednesday, October 29, 2014

УАТЕВА...

Ако на нешто смрди овој град, ондак тоа сигурно не е на мртвиот Панк шо се распаѓа више со години, заклан у сокачено у Маџир маало многу одамна. Смрди на интелектуален дисбаланс. Една хипотетично-аритметичка појава на ментална кастрација. А баш со Раде го праевме муабетов пред некој месец. Ми текиња ко да беше вчера. Пиевме коњак на терасана пред МКЦ (нека ми прости Раде шо не се изразуам така академски ко него), и закључокот беше обостран, место палми, на Скопје му требаат Баобаби. Онака за инат на сите, а поготово на Мадагаскар, пошто ако може Барок да цути тука, ќе процутат и Баобабине. Плус ако Аце бил до Индиски, поприродно од тоа нема за нашиов (ментално) напатен град. А патњата се гледа, и со розеви очила. Да не набројавам, ал можам стално да тргнам од себе. Еве ја патам брате. Секојпат кога ќе пробам некому да објаснам дека пивото генерално глеано кај нас е срање, и дека е потпуно исто срање дал џоњаш Скопско, Даб ил такозвано „Старопрамен“. И дека од балканско пиво не се импонираат некакви филозофски перцепции, и никад нема да се дрзне човек кон виши филозофии и љубов кон наука и уметност џоњајки балкански пива... ал да оставиме тоа за друга прилика.

А Раде си е прича сам за себе. Има фрка човекот а впрочем како и да нема. У денешно време брате исто ко да не си академик ако не те лустрирале. А него богами не може ни за таквото да му се фатат. Све што вреди у оваа држава, тековниве властодржци го одржуваат на маргините. За недај боже нека стои нечепнато у изолација. Пукни му по некоја инфузија, лепни му маска со кислород, потапшај го по рамо еднаш у две години, е тоа е права рецепта за „остваруеме вегетативна состојба на интелектот“. Пошто таквиот интелект никад нема да се дрзне кон самопоузданос за да те праша „од куд тебе паре за онај Барок“ бре, и зошто преку 3 граници ја натаму треба да се објаснуем кај Ја тоа живеам и дека нит грците се педери а ниту ние. Мада ја лично би прашал и многу други работи, ко на пример зошто баш сега после апгрејд рокаат блоковине у РЕК Битола, пошто у цел остали свет е нормално да рокаат бар едно 10 години после апгрејд.  А и би се прашал кои се оние луди Германци шо на чиста совест и без присила дошле да инвестираат овде кај нас, пошто ја лично никад не сум упознал такви. 

Овде кај нас дури и педерине апла го папаат. Не е битно шо минимална плата е апла поминимална од онаа у Ангола на пример, не е битно шо еден пун qrac (наши) пари се испотрошија на срања, и секако не е битно шо медиумите се со подзатната муцка. Битно дека 30 педери, лезбејки и по некој Би решиле да си прават приватна журка, и на тоа улетале 50 фингирани политички заморчиња и во моменат на „инспирација“ решиле да кажат Њет. Шо би рекол Раде на ова, „Ментална кастрација, до Муда“ брате.

Thursday, October 23, 2014

ДА МАЛТРЕТИРА И АРАЧИ ...

Наместо она американсконо „Ту серв енд протект“, „Да малтретира и арачи“ - мотото на македонските службеници кои се „грижат“ за зачувување на законите и уставниот поредок. Објективноста, производ на личните искуства секогаш е најболната за раскажување. Македонија, земја каде што и физички невозможното, сепак може да стане право.

Ситуација бр.1

Пред некоја година, се возам со кола по Антон Попов, улица што помиува низ населбата Ченто. Повеќето од нас знаеме дека станува збор за доста фреквентна, тесна улица, со тесни тротоари. Тргам од семафорите на претпоследна 45ка спрема Центар, ко и секогаш почитувајќи ги сообраќајмите правила, со посебна внимателност на овој потег поради претходно споменативе околности. Одеднаш почнувам да слушам сирена позади мене.Упатувам поглед во ретровизорот и гледам патничко моторно возило без никакви ознаки, со некакво сомнително црвено-плаво светло поставено некаде во горна зона од внатрешноста на напукната шофершајбна. Збунет од оваа слика, но во исто време и присебен, вклучувам 4 жмигавци и намалувам брзина на движење од 50 на 40км/ч и продолжувам да се движам уште некои 100на метри до првата автобуска постојка, притоа махинално преиспитувајки се дали сум направил некаков сообраќаен прекршок. Тогаш ми текнува дека дотичниве господа позади мене не се сообраќајна полиција, па таквото резонирање секако дека паѓа во вода, но ете застанувам и сепак да видам на што ќе излезе оваа ѓурултија. Го отварам прозорецот до половина, а од возилото позади мене, од совозачкото седиште излегува типче ќелаво, разбацано , во цивилна облека, и почнува со сосема покачен тон 

-  .. што не застанеш бе ти онаму кај што те запирам? .. ќе те бркаме ли по пола град? 

А некако беше некој весел пролетен ден, а и по малку се чувствував релаксиран и опуштен од партијата баскет што ја изигравме со брат ми и останатите дечки, па си решив сам во себе дека нема да дозволам еден ваков неартикулиран цреп да ми ги одземе мирот и релаксираноста.

- Добар ден господине, а вие од полиција сте? Легитимација нешто да приложевте?

Велам и набљудувам како младиов дибек уште толку покачува притисок и добива на црвена боја и импулс. 

- ЈАС ОВДЕ ПРАШУВАМ ЗА ЛЕГИТИМАЦИИ, КОЈ СИ БЕ ТИ МОЧКО НИЕДЕН ВАКА ДА СЕ ОДНЕСУВАШ СО МЕНЕ, ИЗЛЕЗИ ОД ВОЗИЛОТО И СТАВАЈ ГИ РАЦЕТЕ НА ХАУБА !

Одговор што само некој Фројдовски-Макијавелистички модел на индивидуа може да го приложи на нормален и културен начин на комуникација, и одма сфатив дека нема да биде лесно. Сепак решен да ги истерам работиве до крај, во склад со законите, законските акти, нормативите за културно однесување пишани и непишани. Пред се во интерес на здравиот разум решив да дадам културолошки отпор и несоучешништво во еден ваков крајно вулгарен акт. 

 - Извинете господине, вие сте за мене само лице во цивилна облека, излезен од возило без никакви ознаки, без приложување на соодветна легитимација, јас немам право да се потчинам на вашиве побарувања.

Упорно продолжувам по мое, сметајки дека разумот, свеста и присебноста треба да останат одраз на културните и свесни индивидуи, припадници на видот Хуманоиди,осознаени битија, шлифувани со еден временски интервал на неброени векови култура, наука, образование и технологија. Во тој момент некакво тропкање по стаклото на совозачката страна од моето возило ми го превзема вниманието. Сепак неговиот колега како постар и поискусен решил да ги превземе работите во свои раце. Се вртам и таму веќе гледам полициска легитимација со сите присутни генералии, и во тој момент полека излегувам од возилото. 

- Извинете за мојот помлад колега господине, на работна задача сме и имавме напнат ден.

Сфаќам дека станува збор за далеку пошколуван службеник, кој годините поминати во службата го научиле како навистина се комуницира со луѓе, од чии платени давачки кон државата тој си ја зема својата плата. Додека сум со рацете на хауба, моите документи ги проверува третиот од нив, притоа нешто зборувајки на радио станица, а овие двајцава ми го проверуваат возилото. Онака застанат на автобуска постојка, со сите врати испоотворени на колата, ми доаѓа сликата и ден денес. Уште да имав на мене црно бели Адидас тренерки, наместо од брендот Ли Нинг (бренд што ниту еден сериозен мафиозо од Ченто па натаму не би го натакнал на себе), и комотно ќе можев барем за момент да се сместам во Пума патиките на оние криминални стапала, секогаш спремни да трчаат и скокаат по улички и преку огради од дворови уште на првиот знак на појавување на органите на прогонот. Конечно излегува и оној третион.

- Абе сега ми текна кој е, овој е син на професорот од Црешево, оставето го, наше дете е. 

Најстариов од нив ми се обраќа повторно.

- Извини дечко имавме дојава за дилер со сериозна пратка, во металик боја на моторно возило. 

Одмавнува со раката и тргнува кон нивното возило.

- И другпат застани онаму кај што те запираат !

Како некаков надмен заклучок ми дофрла младиот, што земајки ги во предвид сите околности во нашава држава во изминативе години, јас лично му предвидувам светла и весела кариера во нашето ни МВР. Јас пак подзинат од целана ѓурултија, и што би можело да им значи она „ ... наше дете е... “ и како може да си сомнителен само од простиот факт дека поседуваш возило со металик боја, си продолжив понатаму.

Ситуација бр2.

Ова само накратко ќе то претрчам, бидејки од приложената фотографија секој ќе сфати за што станува збор. 


Мојата вербална забелешка дека инструментот за мерење на алкохолисаност е нефункционален, е уредно заведена од крајно некомпетентното службено лице во записникот. Фактот што јас сум во тој момент жив, на нозе, свесен и очигледно контактибилен, формално и процедурално поминува низ сите „одговорни“ раце на системот. Па така јас сум осуден со одземање на возачка дозвола на 3 месеци, и покрај мојата приложена жалба до Апелациониот Суд, аргументирајки дека дозата на алкохолисаност е соодветна за барем два пати да сум мртов. Со овие два официјални извештаи на службено лице на Р Македонија, и двете изречени пресуди, со сите потребни потписи и печати, ми останува само прашањето дали можам да се пријавам за во Гинисова Книга на рекорди, или пак за некаков редок медицински феномен. Можеби ќе покренам некое ново научно истражување и ќе ги променам видувањата во науката за дејството на алкохолот во организмот.